Често поставуваните прашања дополнети со прашања за брокерските услуги и додадени нови модели на документи

Бирото за јавни набавки ги дополни често поставуваните прашања со две прашања поврзани со набавката на услуги од осигурителни брокери. Истите може да ги видите на следниов линк. Исто така, во делот „Модели“ додадени се два нови модели на барање за отстранување негативна референца поради техничка грешка кое го доставува договорниот орган и модел на изјава која ја дава лицето кое по грешка објавило негативна референца, што треба да биде заверена на нотар. Истите може да ги симнете на следниов линк