Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата апликација на ЕСЈН, интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истите. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Биро за јавни набавки, со седиште на ул. Даме Груев бр.12, Скопје, Република Северна Македонија.
Биро за јавни набавки е орган на државната управа во состав на Министерство за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме?
- Регистрирани правни и физички субјекти на ЕСЈН;
- Учесници на обуки – лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од Биро за јавни набавки;
- Учесници на контакт формите – лични податоци за функционална контакт форма за техничка поддршка на ЕСЈН и контакт веб форма за давање на насоки и мислења поврзани со Законот за јавни набавки во РСМ.
Категории на податоци кои се обработуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на апликација на ЕСЈН и нашата веб страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, давање одобренија и советодавни мислења (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на јавните набавки, обезбедување на повратни информации и пријавување за обуки поврзани со јавните набавки.
Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.
Како ги собираме личните податоци?
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- Преку Вашето користење на ЕСЈН, регистрација на субјектите за учество во процесите на јавните набавки;
- Преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги и формите за аплицирање;
- Преку нашиот официјален email info@bjn.gov.mk;
- Преку пошта.
Ако сметате дека начинот на кој Биро за јавни набавки ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело.
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.