За да овозможите на центарот за корисничка поддршка на Бирото за јавни набавки да пристапи до вашиот компјутер и да ви помогне при технички проблем со користење на Електронскиот систем за ајвни набавки, ве молиме следете ги упатствата подолу.
1. Преземете ја алатката
Доколку преземањето не започне автоматски, изберете ја соодветната верзија:
2. Стартувајте ја програмата
По преземањето:
- Отворете ја датотеката (најчесто се наоѓа во фолдерот Downloads).
- По стартувањето, ќе се прикаже уникатен 9-цифрен код.
3. Споделете го кодот со вработениот од центарот за корисничка поддршка на ЕСЈН
Со тоа овозможувате привремен и безбеден пристап за решавање на вашиот технички проблем.
4. Завршување на сесијата
По завршување на поддршката, затворете ја програмата.
Со тоа се прекинува секој понатамошен далечински пристап. За повторен пристап, потребно е повторно да ја стартувате алатката.
Преземи Splashtop SOS
Доколку преземањето не започне автоматски, кликнете на копчето подолу:
Преземи Splashtop SOS