Борче Хаџиев

Роден во Струмица на 13.09.1980 година. Основно и средно образование завршил во родниот град. Во 2005 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот за национално и светско стопанство во Софија, Р. Бугарија. Од своето дипломирање до 2017 година работи во Штедилница “Можности” – Експозитура Струмица, каде во последните 5 години ја остварува функцијата Заменик директор на експозитура. Во текот на работењето се стекнал со значајни сертификати од областа на банкарството издадени од Академија за Банкарство и Информатичка Технологија, како и сертификати во областа на продажба во банкарството. Од 2009 до 2017 година работи како член на Советот на општина Струмица и како Претседател на комисијата за финансии на општина Струмица. Во 2017 година е назначен за директор на Фондот за осигурување на депозити. На 26.10.2020 година е именуван за директор во Бирото за јавни набавки.

Поранешни директори: