Биро за јавни набавки

ЕСЈН

ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ (ЕСЈН)

Eдноставен веб-базиран систем за користење, кој овозможува спроведување на јавните набавки во електронска форма во Република Северна Македонија.

ЕСЈН овозможува електронско тргување помеѓу договорните органи (набавувачите) во Република Македонија и домашните и странски економски оператори (понудувачи).

Со користење на ЕСЈН се елиминира работата со хартиени документи и се обезбедува зголемена ефикасност и економичност во спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавни набавки.

врска до системот …

Воведување на претплата за ЕСЈН

Како резултат на сè почестото користење на електронските јавни набавки и електронските аукции во Република Македонија, се јави потреба од континуиран развој, унапредување и секојдневно одржување на апликацијата на ЕСЈН. За подобрување на функционалностите кои ги нуди апликацијата на ЕСЈН и за добивање на услуги на највисоко ниво заради поголема сатисфакција, се воведува годишна претплата за користењето на ЕСЈН.

Годишната претплата e утврдена врз основа на категоријата/големината на економскиот оператор и изнесува:

Вид на економски оператор

Износ на надоместок за една година (без ДДВ)

 

Микро  трговец

Физички лица

2.000 денари

Договорни органи  регистрирани како економски оператори

Мал трговец

Среден трговец

5.500 денари

Голем трговец

 

10.500 денари

Економски оператори од странство

170 евра

За секоја дополнителна избрана категорија на набавка договорниот орган и економскиот оператор доплаќа по 2.500 денари, односно 40 евра за економски оператор од странство.

За да се регистрирате на системот како економски оператор кликнете тука.

После регистрацијата ќе биде генерирана профактура за која што е потребно да се изврши плаќање, по што профилот на корисникот ќе биде активиран.

За користење на Електронскиот систем за јавни набавки, договорните органи ги плаќаат следните надоместоци:

Вид на услуга

Износ на надоместок по објавен оглас или измена и дополнување на огласот (без ДДВ)

Објавување на периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, објавување оглас за јавна набавка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка, отворена постапка, ограничена постапка, конкурентен дијалог, партнерство за иновации, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување на оглас, оглас за конкурс за идејно решение и креирање на тендерска документација

1.000 денари

Објавување известување за измени или дополнителни информации во постапката

1.000 денари

Објавување на оглас за воспоставување на квалификациски систем

10.000 денари

Објавување на оглас за воспоставување на динамичен систем за набавки

10.000 денари

Објавување оглас за доделување концесии и јавно приватно партнерство

6.150 денари

Покрај горенаведените надоместоци, за секој избран дополнителен посебен начин на спроведување на постапката договорниот орган ги доплаќа следниве надоместоци:

Вид на услуга

Износ на надоместок по објавен оглас или измена и дополнување на огласот (без ДДВ)

Објава и спроведување на рамковна спогодба

500 денари

Објава и спроведување на електронска аукција

500 денари

Објавување на групна набавка

500 денари

Тарифник за висината на надоместоците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки: Преземи

оВЛАСТЕНИ ЛИЦА ЗА Е-ГАРАНЦИИ
Можете да ја преземете листата на овластени потписници на договорни органи во Република Македонија за користење при активација на електронски банкарски гаранции согласно упатството за јавни набавки по електронски пат.
Упатство за постапување на администраторот во случај на техничка грешка или пад, односно недостапност на системот
ДИГИТАЛНИ СРТИФИКАТИ
Корисничка поддршка за ЕСЈН