О Т В О Р Е Н И В Р А Т И
Бирото за јавни набавки организира „Денови на отворени врати“ со договорни органи и економски оператори, на кои ќе се разменат мислења, знаења и искуства од спроведувањето на Законот за јавните набавки, со цел идентификување на слабостите и планирање на соодветни активности за подобрена примена во иднина.
По тој повод, Ве покануваме на:
„Ден на отворени врати” на Бирото за јавни набавки
ЗА ДОГОВОРНИ ОРГАНИ
09 април 2024 година (среда) на адреса:
Биро за јавни набавки
Палата „23 Октомври“
ул. Даме Груев бр.12, 2-кат
1000 Скопје
ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ
12 април 2024 година (петок) на адреса:
Биро за јавни набавки
Палата „23 Октомври“
ул. Даме Груев бр.12, 2-кат
1000 Скопје
Со цел, поефикасно да биде организирана Вашата посета, потребно е:
- Да се пополни целосно Пријавата за учество, достапна тука
- Да се испрати пополнетата Пријава на следнaва електронска адреса otvorenivrati@bjn.gov.mk, најдоцна до 22 март 2024г.
Поради ограничен капацитет на салата за состаноци, бројот на учесници од секој договорен орган/економски оператор што ќе присуствува на настанот ќе биде ограничен на најмногу 2 вработени.
Местата се ограничени. ‘Прв пријавен – прв услужен’.