Бирото за јавни набавки писмено се обрати до Дирекцијата за заштита на личните податоци со цел да ги информира економските оператори и договорните органи кои податоци се сметаат за лични податоци и на кој начин да се заштитат личните податоци на вработените/ангажирани лица доколку истите се бараат за утврдување на нивната способност или како критериум за евалауција на понудите.
За нас
Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Северна Македонија.
