Почитувани,
Објавувањето на огласите за јавни набавки во Службено Гласило на ЕУ (во согласност со член 41, став 3 од Законот за јавни набавки, Службен весник на РМ бр. 24/19 и Службен весник на РСМ бр. 87/21), почнувајќи од 29.01.2024 година се врши со користење на нови ажурирани електронски обрасци кои се достапни на истата платформа https://ted.europa.eu/en/ .
Инструкции за користењето на новите обрасци се дадени во делот за поддршка на корисници на самата ЕУ платформа, а достапно е и видео преку следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=Znx2ljypv6s
Со оглед на тоа што платформата е со комплетно нови обрасци, а истата има и повремени технички проблеми при најавувањето и објавувањето на огласите, Бирото за јавни набавки известува да се имаат во предвид објавите за констатирани технички проблеми од страна на центарот за поддршка на ТЕД а воедно детално да се следат објавените упатства при пополнување на потребните полиња.
Поради големиот број на корисници кои се соочуваат со потешкотии при објавата на огласите на ТЕД, Бирото за јавни набавки ја има во предвид потребата за дополнителна поддршка во почетниот период на користење како и евентуалното разумно доцнење со објавата во законскиот рок која е предизвикана од техничките проблеми на самата платформа.
Со почит,
Биро за јавни набавки, Сектор ЕСЈН