Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Македонија.
Бирото за јавни набавки на својата веб страна го објави Годишниот план за реализација на едукацијата за јавни набавки за 2023 година. Сите заинтересирани лица, може да се пријават за учество на обуки, според наставните програми во определени термини за 2023 година.