На ЕСЈН е направен нов модул каде што може да се објавуваат обрасците од огласите и известувањата за постапките кои ќе се водат по законот за јавни набавки од областа на одбраната и безбедноста. Обрасците и документите од огласите и известувањата за постапките кои ќе се водат по законот за јавни набавки од областа на одбраната и безбедноста се јавно достапни на ЕСЈН преку менито „Огласи“, линкот „Огласи и известувања од закон за одбрана и безбедност“.
За нас

Бирото за јавни набавки е формирано како орган на државната управа во состав на Министерството за финансии и истото претставува централно тело одговорно за координација и следење на системот на јавни набавки во Република Македонија.