Биро за јавни набавки

Објавен Извештајот за црвени знаменца за 2025 година

Бирото за јавни набавки го објави Извештајот од воспоставените индикатори за следење на ризиците во јавните набавки – Извештај за црвени знаменца за 2025 година.

Извештајот е изготвен согласно надлежностите на Бирото за јавни набавки утврдени со Законот за јавните набавки и содржи анализа на индикатори за ризик во спроведените постапки за јавни набавки, со цел навремено препознавање на потенцијални ризици и унапредување на транспарентноста и интегритетот на системот за јавни набавки.

Извештајот е достапен во електронска форма на следниот линк: https://www.bjn.gov.mk/category/publikacii/red-flags-izvestai/