Биро за јавни набавки

БЈН учествуваше на консултативна средба за корупциските ризици во јавните набавки

Претставниците на Бирото за јавни набавки, Марија Јованоска и Горан Давидовски, учествуваа на консултативната средба на тема „Корупциските ризици во јавните набавки на градежни работи“.

На средбата беа презентирани наодите од истражувањето „Тендерите за градежни работи се доделуваат под едни услови, а се реализираат под други“, по што следуваше дискусија за клучните слабости и ризици, како и за можните решенија за подобрување на состојбите во оваа област.