Претставници на Бирото за јавни набавки учествуваа на консултативна средба за претставување на истражувањето – „Здравството троши сè повеќе, а нуди сè помалку“, организирана од Центарот за граѓански комуникации. Целта на средбата беше на претставниците на релевантните институции во земјата да им се претстават наодите од истражувањето за корупциските ризици во јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015-2024 година.
Истражувањето вклучува детални податоци за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 10 години, а воедно податоците за обемот на јавните набавки се ставени во корелација и со релевантни податоци, како што се број на осигурени лица, број на специјалистички прегледи, број на болнички случаи, број на болнички денови итн
Претставниците на Бирото за јавни набавки активно учествуваа во дискусијата во врска со ова истражување и дадоа препораки на што да се внимава при понатамошната анализа.
Консултативната средба на присутните претставници од здравствениот сектор, како и на релевантни институции за борба со корупцијата, не само за прв пат да се запознаат со сознанијата од истражувањето, туку и самите да дадат инпут во неговата финализација

