Почитувани,
Во врска со објавената Листа на правни лица за одземање на лиценца односно донесените решенија за одземање на лиценци за правните лица од Министерството за транспорт, Ве известуваме дека согласно член 38 став 8 од Законот за градење донесените решенија не се правосилни имајќи предвид дека против истите може да се поднесе тужба пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на нивниот прием.
По правосилноста на решението за одземање на лиценца, правното лице должно е да ја врати лиценцата на Министерството за транспорт и истата се евидентира во Регистарот за издадени и одземени лиценци, кој е јавно достапен на веб страницата на Министерството за транспорт.
Во врска со насоки како да се постапува кога договорните органи имаат склучено договор или се наоѓаат во фаза на евалуација и сл., каде понудувачот е на Листата на правни лица за одземање на лиценци, Ве упатуваме да се обратите до Министерството за транспорт.
Со почит,
Биро за јавни набавки