Биро за јавни набавки

Известување за користење на е-Пазар

Согласно Планот за раст и Реформската агенда на Северна Македонија 2024–2027 година, еден од утврдените обврски е зголемување на користењето на системот за електронски пазар (е-Пазар).

Во таа насока, Ве потсетуваме и воедно Ве охрабруваме постапките за јавни набавки од мала вредност до 10.000 евра за набавка на стандардизирани стоки да ги спроведувате преку Електронскиот пазар за набавки од мала вредност, достапен на следниот линк: https://e-pazar.gov.mk/

Користењето на е-Пазарот овозможува:

  • побрзо, поефикасно и пофлексибилно спроведување на постапките од мала вредност,
  • пократки рокови за набавка во споредба со спроведување преку ЕСЈН,
  • можност за сукцесивни набавки во текот на годината согласно реалните потреби,
  • можност за наведување на марка, бренд или ознака на стоката која договорниот орган има потреба да ја набави,
  • автоматско генерирање на целокупната документација (извештај, одлука, известувања, договор и нарачки), што значително го намалува ангажманот на лицата за јавни набавки.

Дополнително, системот содржи целосен модул за управување со нарачки и реализација на договорот, преку кој договорните органи едноставно ги избираат производите и количините, а системот автоматски креира и испраќа нарачка до избраниот понудувач.

Искуствата од досегашната пракса покажуваат дека е-Пазарот е особено погоден за набавки на вода и пијалоци, канцелариски материјали, набавка на печатачи и тонери, средства за хигиена, набавка на компјутери и останата IT опрема како и компјутерски потрошен материјал.

Искуството покажува дека договорните органи кои еднаш започнале со користење на е-Пазарот, повеќе не се вратиле на стандардниот начин на спроведување на постапките.

Бирото за јавни набавки изготви детални упатства и видео туторијали со цел да обезбеди целосна поддршка на договорните органи при користење на платформата:

За дополнителна поддршка и помош чекор по чекор при објавување на првата набавка, можете да се обратите директно до Бирото за јавни набавки на info@bjn.gov.mk или телефонски на 02/3255-710.

За да ја исполниме обврската од планот за раст а со тоа да постигнеме поефикасно и поекономично спроведување на набавките од мала вредност, секој договорен орган треба да спроведе најмалку една набавка преку Електронскиот пазар за набавки од мала вредност: https://e-pazar.gov.mk/

НАПОМЕНА:

Економските оператори при објавување на своите производи во е-каталог се должни да ги наведуваат реалните пазарни цени по единица производ. Поставувањето нереално високи цени во јавните е-каталози ги одвраќа договорните органи од користење на е-пазарот, иако понатаму, при поднесување на понудата, понудувачите ги намалуваат цените.

Со почит,

Биро за јавни набавки