Како дел од континуираните напори за унапредување на Електронскиот систем за едукација за јавни набавки, имплементирани се повеќе функционални и визуелни надградби со цел зголемување на транспарентноста, олеснување на процесот на пријавување и унапредување на корисничкото искуство. Во продолжение следуваат клучните новини во системот:
- Потребата од зголемена видливост на термините за обуки, како и олеснувањето на пријавувањето за следење на истите во посакуван термин на системот за едукација за јавни набавки, беше причина за негово натамошно модернизирање преку имплементирање на нов интерактивен календар на активности за едукација. Календарот овозможува видливост на слободните места за секоја обука за сертификација и ресертификација по месеци и недели кои се планирани да се спроведат во тековната календарска година. Сите заинтересирани кандидати со кликнување на одреден ден ги добиваат потребните информации и доколку има слободни места им се прикажува линк кој ги насочува на формата за пријавување. (Регистрација или Најава);
- СМС пораки. Секој кандидат кој е вклучен во процесот на едукација ќе добива и СМС пораки во форма за известување. (за пријавување, испит и сл.) ;
- Нов дизајн на потврдите за лица за јавни набавки;
- Имплементирана нова алатка за транспарентност, каде се вклучени статистички извештаи, графикони, број на лица со валидни потврди за лица за јавни набавки по договорни органи и сл. Алатката е достапна на веб страната на Бирото, а истата се ажурира во реално време согласно податоците од Електронскиот систем за едукација;
- Преглед на број на кандидати за сертификација/ресертификација, во облик на пита, со избор на филтер година;
- Преглед на детали од “Регистар на сертифицирани лица”, преглед на топ 10 институции со најголем број сертифицирани лица, во облик на пита со приказ на институцијата и точен број на лица и
- Преглед на детали од “Регистар на сертифицирани лица”, табеларен преглед на институциите со 0 сертифицирани лица.