Врз основа на статистичките податоци од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и базата на имплементирани извештаи Red Flags (Црвени знаменца), Бирото за јавни набавки врши континуирани анализи и изготвува извештаи со цел следење на ризиците во јавните набавки и потенцирање на можни коруптивни практики при спроведување на постапките.
Извештаите се објавуваат на веб-страницата на Бирото и се доставуваат до Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција и Комисијата за заштита на конкуренцијата, за понатамошни анализи, евентуално постапување и/или преземање дополнителни активности.
Напомена: статистичката база на ЕСЈН и базата на Red Flags обработуваат податоци што ги внесуваат и прикачуваат корисниците на системот при спроведување на постапките. Оттаму, одговорноста за точноста и веродостојноста на податоците на ЕСЈН ја сносат самите корисници (договорни органи и економски оператори).
