Бирото за јавни набавки објави ажурирана верзија на Прирачникот за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) за договорни органи.
Во новата верзија на прирачникот се вклучени најновите надградби и функционалности на системот, со цел корисниците да располагаат со точни, јасни и детални инструкции за правилно користење на системот при спроведување на постапките за јавни набавки.
Целта на ажурираниот прирачник е да го олесни користењето на системот и да им помогне на корисниците поефикасно да ги спроведуваат постапките за јавни набавки по електронски пат.
Бирото за јавни набавки, преку Секторот за системот за јавни набавки, управување со ЕСЈН и развој на електронски алатки, ќе продолжи и во иднина со надградување на системот со цел унапредување на транспарентноста и унапредување на електронските процеси, како и со обезбедување техничка поддршка за сите корисници на системот.
Прирачникот можете да го преземете на следниот линк.
