Биро за јавни набавки

НОВА НАДГРАДЕНА ВЕРЗИЈА НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ (ЕСЈН)

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека од 01.04.2025 година на ЕСЈН ќе биде имплементирана надградена верзија со нови функционалности и напредни алатки со цел олеснување на работењето како за договорните органи, така и за економските оператори.

Клучни надградби во системот:

  • Автоматска тендерска документација – со внесување на податоците во системот, тендерската документација автоматски се креира и објавува, без потреба од дополнително прикачување на документи.
  • Финансиски образец на понудата во апликацијата – при креирање на огласот, договорните органи ќе можат директно во системот да го креираат финансискиот образец на понудата.
    • Подобрена прегледност при измената на огласот и тендерската документација

Можност за зачувување на темплејт, за користење на пре-дефиниран темплејти негово автоматско вчитување.

  • Цената, количината, ставките/деловите, ддв и сл. , понудувачите ќе ги внесуваат на пре-дефиниран образец објавен заедно со огласот за јавна набавка од страна на ДО, на ЕСЈН
  • Цените за сите ставки од финансиската понуда ќе се внесуваат директно во модулот „Поднеси понуда“ – нема да се прикачуваат документи за финансиска понуда
  • Останатите документи ќе се прикачуваат исклучиво во .pdf формат.
  • Нема потреба документите да се потпишуваат пред прикачување, бидејќи системот автоматски ќе аплицира дигитален потпис на ниво на апликација.

Клучни предности на новите функционалности:

  • Едноставен и стандардизиран процес за подготовка и објава на документацијата.
  • Намалување на грешките и отфрлањето на неуредни понуди.
  • Зголемен интегритет на документацијата преку централизирано дигитално потпишување и автоматско генерирање на документите.
  • Подобра споредливост на просечните цени и анализа на пазарот.
  • Намалување на можностите за манипулации преку автоматизација и централизирана размена на податоци.
  • Значително подобрување во однос на транспарентноста на финансиските понуди, намалување или целосно исклучување на можноста за аритметичка грешка и зголемена можност за мониторинг и анализа на податоците од страна на БЈН.

Во текот на месец март ќе се организираат повеќе онлајн обуки, каде што ќе бидат презентирани новите функционалности на системот ЕСЈН.

По завршување на рокот за пријавување, сите пријавени учесници ќе добијат е-маил со линк за учество и точен час на обуката.