На 28.05.2025 година во Клубот на пратеници, Бирото за јавни набавки организираше обука за обучувачи кои се активно вклучени во спроведување на обуките, како и за членовите и стручната служба на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
На обуката беа опфатени последните измени од Законот за јавните набавки кои што стапија на сила на 23.01.2025 година, како и новите функционалности на Електронскиот систем за јавни набавки кои се во употреба од 1 април 2025 година.
На обуката беа дискутирани и други прашања кои се однесуваат на правилна примена на одредбите од законот, како и во однос на предизвиците со кои се соочуваат договорните органи и економските оператори при секојдневното работење.
Обуката беше успешно реализирана, а сите страни се согласија во периодот што следи да се интензивираат ваквите обуки со крајна цел унапредување на целокупниот систем на јавни набавки во државата, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста при спроведување на постапките за јавни набавки и правната заштита.




