Биро за јавни набавки

Одржана работилница со Државниот завод за ревизија на тема „Јавни набавки – дилеми и предизвици“

На 2 март 2026 година, на Економскиот факултет во Скопје, Бирото за јавни набавки одржа еднодневна интерактивна работилница за претставници од Државниот завод за ревизија на тема „Јавни набавки – дилеми и предизвици“.

Работилницата беше организирана на барање на Државниот завод за ревизија, во рамки на континуираната соработка меѓу двете институции, со цел размена на знаења, искуства и практични аспекти од примената на системот на јавни набавки.

Настанот беше отворен со воведни обраќања на директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска, и главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, кои ја истакнаа важноста од континуирана едукација, правилна примена на законската регулатива и унапредување на транспарентноста и отчетноста во системот на јавни набавки.

Во рамки на работилницата беа опфатени повеќе актуелни теми поврзани со примената на Законот за јавните набавки, меѓу кои:

  • исклучоците од примена на Законот за јавните набавки;
  • посебните начини за склучување на постапките, вклучително и секторски договори и рамковни спогодби;
  • склучување и изменување на договорите за јавни набавки и користење средства за обезбедување;
  • новини во Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), вклучително и е-пазарот, користењето на „црвени знаменца“ и е-архивирањето;
  • начини на вршење административна проверка и утврдената состојба во пракса.

Предавачи на работилницата од страна на Бирото за јавни набавки беа:

  • Маре Богева Мицовска
  • Рита Глигориевска
  • Катерина Поповска
  • Горан Давидовски
  • Валентина Ефтимова

Работилницата се одвиваше во интерактивна атмосфера, со активна дискусија и размена на искуства меѓу претставниците на двете институции. Учесниците имаа можност да дискутираат за практичните дилеми со кои се соочуваат во примената на законската регулатива и да разменат мислења за можни решенија и унапредување на практиките.

Настанот заврши со заклучни согледувања, при што беше нагласена потребата од понатамошно јакнење на институционалната соработка и континуирано градење на капацитетите, со цел обезбедување ефикасен, транспарентен и одговорен систем на јавни набавки.