Од 01.04.2025 година, со новите надградби на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), процесот на пополнување на финансискиот образец станува поедноставен, стандардизиран и попрегледен за корисниците. Наместо рачно внесување на податоци во табелата во делот Финансиска понуда од образецот на понуда во тендерската документација, договорните органи сега ги внесуваат потребните податоци директно во апликацијата.
Ова упатство е изработено со цел да ве води низ процесот на внесување на деловите и/или ставките во финансиската понуда, осигурувајќи точност, усогласеност и минимизирање на можноста за грешки. Во следните делови од упатството ќе најдете детални инструкции за пополнување на финансискиот образец, заедно со практични примери и корисни совети за избегнување на најчестите пропусти
УПАТСТВО ЗА ДО ЗА ПОДГОТОВКА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ФИНАНСИСКА ПОНУДА КАКО ДЕЛ ОД ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА