Биро за јавни набавки

Одржана Работилница за валидација во рамки на МАПС Проценката на системот за јавни набавки

На 04 јуни 2026г. во Клуб на Пратеници, Скопје, се одржа Работилница за валидација на првични резултати од Проценката на системот за јавни набавки согласно меѓународно призната МАПС Методологија за проценка на системите за јавни набавки, која ја спроведува Светска банка во соработка со Бирото за јавни набавки.

Согласно правилата за МАПС проценка, првичните резултати беа претставени пред членовите на Управувачкиот комитет, кои имаа можност да дадат свои забелешки и предлози за подобрување на содржината.

Во претстојниот период се очекува финализација и одобрување на Извештајот од спроведената проценка, кој ќе придонесе за носење на соодветни одлуки при креирање на политика за идни реформи на системот за јавни набавки.