На 27 јули 2026 година, во Државниот завод за ревизија се одржа презентација на нова аналитичка апликација за јавни набавки, на која присуствуваа главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска, како и претставници на двете институции.
Апликацијата е развиена во рамки на Иновативната лабораторија како една од активностите што произлегуваат од Меморандумот за соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Канцеларијата за ревизија на Кралството Норвешка. Нејзината намена е да обезбеди понапредна анализа на податоците од јавните набавки, полесно идентификување на потенцијални ризици и дополнителна аналитичка поддршка во ревизорските процеси.
Во своето обраќање, директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска, ја истакна важноста на меѓуинституционалната соработка и користењето на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки за развој на современи алатки кои придонесуваат кон поголема транспарентност, отчетност и ефикасност во системот на јавните набавки.
Бирото за јавни набавки континуирано работи на унапредување на дигиталните решенија и овозможување поширока и поефикасна употреба на податоците од системот на јавни набавки, со цел поддршка на институциите во нивните надлежности и зајакнување на интегритетот на системот.
Презентацијата на апликацијата претставува уште еден пример за успешна соработка меѓу институциите и потврда на заедничките заложби за примена на иновативни и дигитални решенија кои придонесуваат за поефикасно управување со јавните средства и континуирано подобрување на системот на јавните набавки.



