На 15 октомври 2026 година во Скопје, Бирото за јавни набавки преку свои претставници учествуваше на консултативна средба за концесиите и јавно-приватното партнерство во организација на Центарот за граѓански комуникации, каде претставници на јавниот и приватниот сектор, надзорни и регулаторни институции, граѓанското општество и медиуми дискутираа за унапредување на регулативата, институциите, транспарентноста, отчетноста и практиката на доделувањето и спроведувањето на договорите за концесии и за јавно-приватно партнерство во земјава. Покрај останатите говорнички, г-ѓа Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Росица Шалевиќ Христовска, помошничка на главниот државен ревизор и г-ѓа Адријана Лавчиска, програмска менаџерка во Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, кои со своите видувања дадоа придонес во премостувањето на едно од најголемите ограничувања за поголем економски развој на земјата и за натамошно приближување кон ЕУ, свое обраќање имаше и директорката на Бирото за јавни набавки г-ѓа Маре Богева Мицовска.





