Бирото за јавни набавки и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на превенцијата на корупцијата и зајакнување на интегритетот во постапките за јавни набавки.
Меморандумот го потпишаа директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска и претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.
Соработката предвидува размена на информации, искуства и добри практики, како и организирање заеднички обуки и работилници за јакнење на институционалните капацитети за препознавање и спречување на коруптивните ризици во јавните набавки.
Со Меморандумот, двете институции ја потврдуваат посветеноста на зајакнување на институционалната соработка, интегритетот и системот за спречување на корупцијата.




