Кратката онлајн обука „ Основни обележја на јавните набавки во Република Македонија“ е развиена како дел од ИПА Повеќекорисничкиот проект финансиран од страна на Европската Унија (Europe Aid/129724/C/SER/Multi).

Оваа воведна интернет обука е составен дел од СИГМА пакетот за обуки „Обуки за јавни набавки за корисниците на ИПА“, преведена е на македонски  јазик и прилагодена на националните прописи, а има за цел корисниците да се стекнат со основно знаење за законодавната и административна рамка на јавни набавки во Република Македонија. Материјалите се прилагодени согласно со Законот за јавните набавки  (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр.136/07, 130/08, 97/10, 53/11 и 185/11) и не ги содржат измените од 2012 година до денес.

Земји корисници на проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија, Косово (UNSCR 1244/99) и Турција.

НАПОМЕНА: Потврдата за положен испит која корисникот по успешната проверка на знаењето ја печати од системот по полагање на „Тест на целиот материјал“ не ја заменува потврдата за положен испит за лице по јавни набавки согласно со Законот за јавните. Се напоменува на корисниците на можни отстапувања од важечкиот Закон за јавните набавки и на одредени прописи донесени во согласност со истиот, а кои се направени со подоцнежните Измени и дополнувања на Законот за јавните набавки.

До обуката можете да пристапите на следниот линк: Кратка онлајн обука