Државната комисија за жалби е самостоен и независен орган формиран од Собранието на Република Македонија. Комисијата има централна улога во системот на правна заштита во јавните набавки и една од главните контролни функции. Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претпрел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Седиштето на Државната комисија е на следнава адреса:

Државна комисија за жалби по јавни набавки
бул.Илинден бр.63 а Скопје
1000 Скопје
Контакт телефони:
02/ 3251-251
Архива:  02/ 3251-260
Факс: 02/ 3251-250
Веб локација: www.dkzjn.gov.mk

Состав на Државната комисија за жалби по јавни набавки:

Претседател Маја Малахова

Членови
Мишо Василевски – заменик претседател
Елита Шуки
Сузана Равановска
Едита Насковска

Паричните средства по основ на административни такси е потребно да се уплаќаат на уплатна сметка 840182 03161 административни такси во готови пари со приходна шифра 722313.

Паричните средства по основ на надоместок за водење на постапка е потребно да се уплаќаат на уплатна сметка 840182 06922 надомест за водење на жалбена постапка по јавни набавки со приходна шифра 724154 » Донесени решенија на Државната комисијата за жалби по јавни набавки