Услови за полагање на писмениот испит по јавни набавки

По завршување на едукацијата, кандидатите полагаат испит кој го спроведува комисија формирана од директорот на Бирото. Испитот се полага заради стручната осособеност на учесниците на едукацијата за јавните набавки – Модул за договорни органи.

Испитот го полагаат учесниците кои посетувале најмалку 80% од обуката за јавните набавки – Модул за договорни органи Дел 1-Дел 13, односно целокупната обука од Модулот за договорни отрани Дел 14 и Дел 15 за учесниците кои имаат потврда за положен писмен испит по јавни набавки, а која е со измината важност.

Писмениот и поправниот испит по јавни набавки, се одржуваат во темините во согласност со Годишниот план за реализација на едукацијата кој е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки (www.bjn.gov.mk) во делот Едукација.Согласно со членот 10 став 2 од Интерното упатство за начинот на организирање и спроведување на испитот за учесниците на едукацијата за јавните набавки, кандидатите е потребно да се јават на полагањето на писмениот испит во терминот определен со Годишниот план, освен во случаите кога поради оправдани причини не се во можност да го полагаат испитот (болест, годишен одмор, службен пат, породилно отсуство и слично). За ваквите причини, учесникот треба навремено да го извести Бирото и доколку се побарани докази, истите да ги достави.

Согласно со Интерното упатство за начинот на организирање и спроведување на испитот за учесниците на едукацијата за јавните набавки, учесникот писмениот испит го полага во предвидениот рок, а доколку не е во можност да го направи истото поради оправдани причини, испитот може да се полага во друг термин, не не подоцна од шест месеци од следењето на обуката.

Учесниците кои полагале писмен испит два пати и при тоа не освоиле доволен број на бодови, немаат право да го полагаат писмениот испит по трет пат.

Начин на полагање на писмениот испит

Испитот се полага по електронски пат со одговарање на 40 прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер. Испитните прашања се со 4 опции за заогружување од кои само еден е точен. Секој од точните одговори носи 2,5 поени. Писмениот испит се положува со освоени 70 бодови.

Пред започнувањето на испитот, комисијата го проверува идентитетот на учесникот со увид во документ за лична идентификација.

Учесникот за време на полагање на испитот не треба да користи мобилен телефон,преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства,прирачници,презентации,авторски текстови за јавни набавки,пишуван материјал или друг извор за информации,а може да користи закон (без коментари и објаснувања), кој во харитена верзија ќе му биде даден од страна на комисијата.

За време на испитот не е дозволено учесникот да ја напушта просторијата во која се одвива полагањето,освен во случај на итност,при што ќе биде придружен од член на комисијата задолжена за спроведување на испитот.

Учесникот за време на испитот не смее да контактира со другите лица кои го полагаат испитот, освен со членовите на комисијата во случај на технички проблем со системот. Ако техничките грешки бидат отстранети, учесникот продолжува со полагањето на испитот, а доколку не е можно да се остранат техничките грешки, кандидатот се повикува да го полага писмениот испит во следниот термин за полагање на испитот.

Ако има проблеми со повеќе од пет компјутери, испитот се презакажува за најмногу 7 дена.

Испитот трае 45 минути. Електронскиот систем има одбројувач на времето кој започнува да обројува со самото започнување на испитот. По истекот на времето од 45 минути, електронскиот испит сам се исклучува.

Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Бирото, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Бирото.