ПРЕГОВАРАЊЕ ЗА ПОСТАПКИ ПОВРЗАНИ СО ЕПИДЕМИЈАТА ОД COVID-19 ВИРУСОТ

Ги известуваме сите договорни органи кои треба да извршат набавки во постапка со преговарање без објавување оглас од причини од крајна итност, дека набавките кои се диркетно поврзани со епидемијата од COVID-19 вирусот можат да ги реализираат без претходно да бараат мислење од Бирото за јавни набавки, согласно со членот 55 став (6) од Законот за јавните набавки, а со цел потребите да се задоволат во најкус можен рок без било какво одлагање. Потребно е причините соодветно да се образложат во одлуката за јавна набавка.

Останатите барања за мислење согласно член 55 став 5 од Законот за јавните набавки треба да се доставуваат по пошта до архивата на Бирото.