Јавен повик

Бирото за јавни набавки на Република Македонија, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.81/19), објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, за движни ствари, кои немаат вредност односно се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и истите не се користат од страна на Бирото.

Избраните правни лица на јавниот повик имаат обврска да извршат преземање на движните ствари предмет на јавниот повик и истите да ги транспортираат како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во просторија во зградата на Технометал во Скопје, (ул. Димитрие Чуповски бр.11/ кат 1).

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Марина Наумоска-Костиќ, телефон за контакт: 3255-705,  електронска адреса: marina.kostic@bjn.gov.mk.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Бирото за јавни набавки лоцирано во зградата на Министерство за финански на ул. ,,Даме Груев’’ бр.12 – Скопје или електронски, преку следниот линк објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е  20.05.2019 година до 16:00 часот.

Инструкција по јавен повик