Дома си е дома

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка-SDC, ги промовираше 10-те промотивни видеа за поддршка на домашниот туризам.

Според Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски очекувањата на АППТ од овој проект се домашните туристи да овозможат зајакнување на туризмот и домашната економија, како и задржување на секое работно место во оваа индустрија која во овој момент е многу ранлива поради кризата. “На овој начин сакаме фактичката туристичка понуда да ја доближиме до домашните потенцијални туристи, да им покажеме што се има во оваа наша убава земја и каде можат безбедно да го поминат својот одмор со семејството или пријателите. Свесни сме дека оваа година поради пандемијата од Ковид 19 туризмот во голем дел потпрен на домашните туристи, а ова е само мал чекор со кој поттикнуваме раздвижување на оваа индустрија при што очекуваме бројот на ноќевања да достигне до два милиона”, изјави Јаневски, Директор на АППТ.

Повеќе информации во врска со кампањата „Дома си е дома“ за поддршка на домашниот туризам можете да најдете на веб страницата на Агенијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Северна Македонија.